Кипар незадоволен од извештајот на генералниот секретар на ОН

Од:

Портпаролот на кипарската Влада, Никос Христодулидис изрази незадоволство од извештајот на генералниот секретар на Обединетите нации Бан Ки-мун, определувајќи и ги оценките во него за однесувањето на Турција како нереални.

– Извештајот на нереален начин ги претставува незаконските и провокативните дејствија на Турција во исклучителната економска зона на Република Кипар, кои доведоа до неизбежен прекин на преговорите за решавање на проблемот со поделениот остров, истакна  Христодулидис.

Тој нагласи дека во извештајот не се споменува јасно континуираното нарушување на суверените права на една независна и суверена членка на ОН, Република Кипар, за нарушувањето на меѓународното право и на Конвенцијата на ОН за поморското право.

Христодулидис изрази незадоволство и од фактот дека во документот не се споменува ништо за сеизмичките истражувања, извршени од турскиот истражувачки брод „Барбарос“, придружуван од бродови на турската военопоморска флота.

Би можело да ве интересира

Одговорот на Лавров: Соединетите Американски Држави и нивните сателити едноставно се плашат од фер конкуренција

Предраг Петровиќ

Познат првиот натпреварувач на Евровизија идната година : Тео Еван ќе го претставува Кипар во Базел

Предраг Петровиќ

Кипар испраќа два авиона за справување со пожарите во Свети Николе и Чашка

Ердоган: Турција е подготвена да изгради воена база на Кипар, доколку е потребно

Ердоган: За Кипар не е можно федерално решение

Претседателот на Кипар: Нема друга опција освен обединување на островот