Во Домот на АРМ денеска свечено ќе биде одбележано завршувањето на мисијата ИСАФ во Авганистан и учеството на Армијата на Република Македонија.
На свеченоста ќе се обратат министерот за одбрана Зоран Јолевски, началникот на Генералштабот на АРМ, генерал-потполковник Горанчо Котески, и амбасадорите на САД и на Турција во Македонија.
Армијата на Република Македонија учествува во мисијата ИСАФ во Авганистан од 2002 година. Во 2010 година Република Македонија беше четврта замја-придонесувач во ИСАФ по глава на жител.
Во период од 12 години во оваа мисија учествуваа над 2.700 припадници на АРМ.