На Академијата за природни науки на Универзитетот Дрексел постојат 3,5 милини примероци од различни инсекти, но пеперутката која ја откри еден од волонтерите навистина е една во милион.
Една половина од крилјата на оваа пеперутка, позната како Lexis pardalis е прекриена со шари типични за машки примероци од тој вид, додека другата половина, односно другото крило на пеперутката во бои типични за женки.
– Помислив дека некој се шегува со мене. Оваа пепертука едноставно е совршена, рече Крис Џонсон, волонтер кој ја откри пеперутката во текот на работата на Академијата.
Џонсон пронајде една пеперутка со ретка состојба позната како ginandromorf (организам кој поседува и машки и женски карактеристики).
– Гинандроморф најчесто се јавува кај птици и пеперутки каде машките и женските примероци имаат каратеристични, различни бои, објасни Џонсон.
Појавата, вообичаено се случува во раниот развој кога клетките се делат и формираат ембрион. Тогаш доаѓа до неправилна поделба – така што XXYY се делат во X и XYY наместо по две XY ќелии. Клетките продолжуваат да се делат и размножуваат, а организмот продолжува да се развива како во два различни пола.
Пеперутката која ја откри Џонсон на Академијата по потекло е од тропските прашуми во југоистична Азија и е во многу добра состојба. Десната страна на пеперутката е во типично женски бои – кафена со жолти и бели дамки. Левата страна има карактеристики на мажјак и на неа се прелеваат црната и зелно-сината боја.
Нејзиното „машко“ крило е помало од „женското“.
Јавноста пеперутката ќе може да ја види на изложбата која Академијата ќе ја организира од 17 јануари до 16 февруари.