Велес вторпат ќе ја носи титулата „Град на културата“

Од:

Велес ќе биде Град на културата за 2015 година. Општината вторпат ја добива оваа титула, која Министерството за култура ја доделува 12 години. На конкурсот за 2015 година, стигнале пријави и од Неготино и од Струмица, а Велес бил едногласно избран од комисијата.

Министерката за култура, Елизабета Канческа-Милевска, денеска на прес-конференција рече дека од Општина Велес примиле комплексна програма со повеќе од 200 настани и со 67 манифестации од различни дејности, сите со точно одредени термини на одржување.

– Велес вторпат го добива приматот и го заслужува овој престижен статус. Сите инвестициски зафати што ги реализираа и Владата и Општината, ќе дадат огромна можност за реализација на голем број активности од програмата со која Велес конкурираше. Таа е целосно осмислена и конципирана, со крупни настани и со точни термини – рече Канческа-Милевска.

Би можело да ве интересира

Одрон на патот кон Велес – возилата се пропуштаат наизменично

Горан Наумовски

Вардар само што не се излеа во центарот на Велес

Отстранет е одронот, повторно се вози во двете ленти на автопатот Скопје – Велес

Горан Наумовски

Во велешката болница донесено е починато 6-годишно дете од Градско

А1он

Велешанец е пронајден мртов во семејниот дом

Поради поголем пламен и отпаднати делови од приколка на возило затворен автопатот Велес-Градско