Компанијата „Ламборџини“ на своите купувачи во 2014 година им испорача рекордни 2.530 автомобили и забележа раст во продажбата од 19 проценти во однос на претходната година, кога на пазарите ширум светот беа пласирани 2.121 возила.
Годината во која „Ламорџини“ стигна до најголем број продадени автомобили во својата исторја беше голем тест за овој прозводител, затоа што токму во 2014 година престана да се производува неговиот најпродаван модел – „Гаљардо“.
Транзицијата мина безболно, па наследникот на „Гаљардо“, моделот „Хуракан“, во неговата прва година на пазарот се продаде во 1.137 примероци.
За одличниот резултат на „Ламборџини“ во 2014 година големи заслуги му припаѓаат и на вториот модел „Авентадор“, чија продажба порасна за 13 отсто на 1.128 парчиња. На овој начин, „Авентадор“ стана најпродаван „Ламборџини“ со В12 мотор на сите времиња.
Покрај овие два модели во 2014 година продадени се и 265 примероци на моделот во заминување „Гаљардо“.
– Во годината што е зад нас, ја зголемивме продажбата во сите најважни региони, изјави шефот на „Ламборџини“, Стефан Винкелман и додаде дека автомобилите на овој производител минатата годфина најдобро се продаваа на пазарите во САД и Кина.
Во Ламборџини очекуваат 2015 година да биде уште поуспешна со оглед на фактот дека до крајот на 2014 година беа примени околу 2.300 нови нарачки за моделот „Хуракан“.