Американскиот претседател Барак Обама и британкиот премиер Дејвид Камерон, по нападите во Франција ветија дека заедно ќе се борат против исламските екстремисти.
Во заедничкиот вовед кој го објави британски „Тајмс“ тие велат дека безбедноста е неопходна за економијата и дека двете држави заедно ќе се борат против тероризмот.
„Заедно ќе се спротивставиме на оние кои ги загрозуваат нашите вредности и нашиот начин на живот. Ние ќе ги поразиме овие варварски убијци и нивната извитоперена идеологија со која се обидуваат да ги оправдааат убиставата на недолжни луѓе“, порачаа Обама и Камерон.
Двајцата лидери нагласија и дека ќе продолжат да вршат притисок на Русија поради „агресивните постапки“ во Украина.
Е. Г.