Повеќе од 69 проценти од чешкото население сметаат дека државата има лоша социјална политика, а позитивно за тоа се изјаснува само една четвртина од јавноста. Апсолутно најлоша оцена, луѓето имаат за пензиите, односно за системот на финансиска сигурност на стари години и за поддршката за наоѓање на ново вработување во случај на отказ.
Голем број од Чесите ги поддржуваат реформите во образованието и здравствената заштита.
Овие резултати се дел од истражувањето на Центарот за истражување на јавното мислење (ЦВВМ), кое било извршено во ноември.
Според резултатите, образованието е позитивно оценето од 73 проценти од анкетираните, додека спротивно мислење имаат една петтина од граѓаните. Здравството го ,,фалат” 69 проценти од анкетираните, а критички се изразуваат три од десет лица.