Косовски бегалци ќе протестираат поради посетата на Хашим Тачи на Црна Гора

Од:

Првата официјална посета на косовскиот министер за надворешни работи Хашим Тачи на Црна Гора, која е планирана за утре, предизвика бурни реакции меѓу црногорската јавност.

Според извор на весникот „Дневне новине“, организаторите на посетата се откажале и од планираното предавање на Тачи за интеграцијата во НАТО, стравувајќи дека тоа може да биде повод за незадоволство кај дел од граѓаните.

Здруженија на косовски бегалци во Црна Гора подготвуваат протести во Подгорица со барање за откажување на посетата на шефот на косовската дипломатија. Повод за собирот е пред се ограничувањето на правата на Црногорците и Србите на Косово, но и пречките за враќање на бегалците и раселените лица.

Црногорско-приморскиот митрополит на Српската православна црква Амфилохие за време на синоќешната молитва побара од црногорските власти да ја повлечат одлуката за признавање на „самопрогласената косовска република“, нарекувајќи ја „најсрамен акт во историјата на Црна Гора“.

Пред посетата, во интервју за црногорскиот весник „Побједа“, Тачи вети дека во косовскиот Устав ќе бидат извршени измени, со кои Црногорците и Хрватите ќе бидат признати за национални малцинства.

Би можело да ве интересира

Кастрати: Целосен дебакл на Курти

Вучиќ: Во Брисел знаат која страна го кочи напредокот во дијалогот меѓу Белград и Приштина

(ВИДЕО) Шпанците уапсија нарко-бос од Косово, во рацијата уапсени се 10 лица

Горан Наумовски

Србија повторно ќе испрати барање за враќање на 1.000 српски војници и полицајци на Косово

Предраг Петровиќ

Вучиќ утре ќе се изјасни, на маса и опцијата за прогласување окупација на дел од територијата на Србија

Предраг Петровиќ

Четворица млади Срби на рочиште во северниот дел на Косовска Митровица