НБА ги повлекува своите ѕвезди од Олимписките игри?

Од:

Комесарот на НБА лигата, Дејвид Штерн официјално објави дека размислува да разговара со предводниците на ФИБА, околу учеството на ѕвездите од САД, на Летните олимписки игри.

Кошаркарскиот турнир на претстојните Игри во Лондон би можел да биде последниот на кој на едно место ќе се најдат ѕвездите од НБА и ФИБА, со оглед на тоа што замислата на Штерн е во иднина на ова натпреварување да настапуваат играчи до 23 години, како што е случајот на фудбалскиот турнир.

„Мислиме дека фудбалот има одличен модел според кој Светското првенство се одржува на секои четири години, додека за пласман на ЛОИ, со мали исклучоци, се борат млади фудбалери до 23 години“, изјави Адам Силвер, заменикот на Штерн.

Ваквиот чекор на Штерн доаѓа по се посилното негодување од страна на сопствениците на НБА клубовите, на кои не им се допаѓа што нивните играчи без разлика дали се Американци или од друга националност, играат на интернационална сцена.

Годинава, во Лондон, се навршуваат две децении од игрите во Барселона каде што за првпат настапија НБА играчите за селекцијата на САД под името „Дрим Тим“.

Американците оттогаш се закитуваа со златниот медал во 1992, 1996, 2000 и 2008 година додека во 2004 година мораа да се задоволат со бронзениот медал. Тогаш, на турнирот во Атина, шампион беше Аргентина.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Откако се посрамоти, австралиската олимпијка замина во пензија

Предраг Петровиќ

Полска сака да биде домаќин на Олимписките игри во 2040 или 2044 година

Ватерполистите на Србија ја победија Америка и се пласираа во финалето

Ѓоковиќ го освои олимпиското злато и ја комплетираше колекцијата на најголемите тениски трофеи

Предраг Петровиќ

Леброн Џејмс сака да игра на Олимпијадата во Париз – ќе го предводи дрим-тимот

Олимпиското злато и беше одземено на Русинка и доделено на Американка

А1он