Собранието го изгласа законот за академија за наставници

Од:

Со 64 гласа „за“, двајца воздржани и шест „против“, пратениците во Собранието го изгласаа законот со кој се предвидува воведување академија за наставници. Пратеничката Солза Грчева кажа дека е скептична околу тоа како ќе се употреби и дали ќе се злоупотреби академијата на наставници.

– Академија за наставници е познат концепт. Многу европски земји имаат. Никој нема ништо против дополнителни обуки, но се плашам со вакви големи овластувања што ги имаат Владата и Министерството за образование да даваат лиценци, да не се злоупотреби оваа институција. Не сум скептична дека треба да постои, туку како ќе се употреби и дали ќе се злоупотреби оваа академија – истакна Грчева.

Пратениците го изгласаа и предлог-законот за наставници во основните и во средните училишта.

Моментално трае паузата за ручек.

Расправата во Собранието почна по протестот кој студентите го организираа пред законодавниот дом, нарекувајќи го „убиец на авотномијата на високото образование“ и по тој повод, вечерва, во 19 часот, „Професорски пленум“ организира „погребување на високото обрзование“ пред објектот на Собранието.

Би можело да ве интересира

Русопулос: Европската единственост не е подарок од географијата, туку избор на волја

Жените мора да се чувствуваат безбедно и сигурно, реагира Клубот на пратенички

Реџепи: Денеска за малку ќе бевме сведок на нов скандал од страна на претседателот на Собранието

Засега без јавно образложение е одложена денешната седница на Комисијата за контрола на АНБ

Горан Наумовски

Димаљ Баша е новиот претседател на косовското Собрание

13 кандидати за претседател на ДКСК