ФОТО: „Охридски Комуналец“ направи депонија во близина на центарот на Охрид

Од:

Откако секретарот на Општина Охрид Димитар Спасески пред два дена истакна дека градоначалникот Бакрачески издал налог за расчистување на ѓубрето кај локалитетот „Мауцер“ и овозможување истото што поскоро да почне со градба на индустриска зона, менаџментот на ЈП „Охридски Комуналец“ си најде ново место за депонија, во дворот на претпријатието сместено во градот.

deponijaOhr (2)

Екипи на Јавното претпријатие „Охридски Комуналец“ во Охрид денеска направија мини – депонија во дворот каде е сместена механизацијата. Тие денеска вршеа претовар на ѓубрето на само неколку метри од станбени објекти во кои живеат граѓани на Охрид.

Денеска, во дворот на ЈП „Охридски Комуналец“, кое е сместено на само два километри од центарот на градот, имаше тони ѓубре кое претставуваше закана за здравјето на жителите. За денешната ситуација реагираше и најголемата опозициона партија, Социјалдемократскиот сојуз. Тие велат дека Бакрачески и неговиот тим си поигруваат со здравјето на граѓаните.

deponijaOhr (3)

Воопшто не е точно дека ВМРО-ДПМНЕ и Никола Бакрачески се залагаат за чист Охрид. Дури чистејќи ја дивата депонија Мауцкер тие во дворот на ЈП Комуналец депонираат смет и на тој начин се поигруваат со здравјето на граѓаните кои живеат непосредно во околина на местото. ВМРО-ДПМНЕ свесно во населено место прават нова дива депонија – рекоа од општинскиот огранок на СДСМ во Охрид.

deponijaOhr (1)

Од Општина Охрид, вчера рекоа дека воспоставиле систем на контрола на одведување на отпадот и дека сегашната власт не само што депонирала отпад кај „Мауцкер“ туку и го чистела просторот.

Ф.Ј.

Би можело да ве интересира

Претреси во Охрид поради лихварство и изнуда, уапсено е само едно лице

Тешко повредена малолетничка во сообраќајка во Охрид

Орбан пристигнува во дводневна официјална посета на земјава-посебен сообраќаен режим во Охрид

Горан Наумовски

Безбедносни мерки и посебен сообраќаен режим во Охрид поради посетата на Орбан

Пожар во угостителски објект во центарот на Охрид

Катерина Ѓуровски

Две момчиња се тешко повредени во сообраќајка во Охрид