(ВИДЕО) Студентски пленум: Ќе бојкотираме, ќе блокираме, ќе окупираме

Од:

Студентите го опкружија Собранието со лента на која пишува „Место на злосторството“, како место каде се случува убиството на автономијата на Универзитетот, а беа оставени и транспаренти на кои пишува „Не“.

Претставниците на Студентскиот пленум порачаа:

– Народните избраници не не’ претставуваат и ние ќе мора да преминеме, ќе бидеме принудени да примениме секакви институционални и вонинстиуционални методи во наредниот период, бидејќи сметаме дека така ќе бидеме слушнати, рече Бојан Матовски од Студентскиот пленум.

– Ќе бојкотираме, ќе блокираме, ќе окупираме, изјавија претставниците на Студентскиот пленум на денешниот протест.

Професорскиот пленум ги повика вечерва во 19 часот граѓаните со свеќи во рака, симболично, заедно да го погребаат високото образование.

Би можело да ве интересира

Левица: ВМРОвскиот закон за студентски стандард со каталог на заострени казни го штити системот од студентите

УКИМ го објави конкурсот за запишување студенти во прв циклус во учебната 2026/2027 година

Директорот на српската полицијата: „34.300 блокадери се собраа на Славија“

Студентитите протестираа: УЈП вели мора да се пријави доход од странство, не се работи за нов данок

Катерина Ѓуровски

Српските студенти порачаа: „Нема да одиме за совет во Москва“

Горан Наумовски

Отстранет e „Чациленд“, на негово место ќе има „Божиќно село“

Горан Наумовски