Најновиот број на „Шарли Ебдо“ во Франција распродаден за 10 минути

Од:

Во Франција денеска требаше да се стане рано за да се има надеж да се купи примерок од историскиот број 1.178 на „Шарли Ебдо“, јави дописникот на МИА од Стразбур.

Без разлика дали во Париз или во другите француски градови, многумина станаат рано и од 5 часот беа во редица пред киосците за да го најдат неделникот, но многумина се вратија разочарани, бидејќи тој беше разграбан за неколку минути. Вообичаено во еден киоск се продаваа три до четири примероци неделно, но денеска во речиси сите киосци беа оставени по над сто броја.

Насловната страница на сите им е позната. Пророкот Мухамед со солза во окото и со натпис „Јас сум Шарли“, а над цртежот на пророкот како плаче стои натписот „Се е простено“.

Ова е првиот број на сатиричниот неделник по терористичките напади во кои беше десеткувана редакцијата.

Овој број што го составија „преживеаните“ од минатонеделниот напад меѓу кои е Луц, ќе ќе биде отпечатен во дополнителни два милиони примероци, со што тој ќе има трираж од пет милиони премиероци, продавани во 25 земји и преведени на шест јазици, за разлика од порано кога се печателе 60 илјади примероци.

На забелешките на некои дека „повторно провоцираат“, карикатуристот одговори: „Го направивме „Шарли“, како што ние сакавме, а не како што светот очекуваше од нас“.

Ако карикатурите и цртежите од новото издание беа премезени во многу земји, тоа не е случај со Велика Британија, а криѕики доаѓаат најмногу од муслиманските земји.

Адвокатот и портпаролот Ричард Малка потсетува дека во последните 22 години во „Шарли Ебдо“ освен карикатурите на Мухамед биле застапени и карикатури на Исус, на папите и на другите великодостојници од сите религии, па, би било зачудувачки сега да не биде повторно Мухамед.

Заради карикатурите на пророкот Мухамед редакцијата беше под закана од екстремистите. При терористичкиот напад врз „Шарли Ебдо“ на 7 јануари, загинаа 12 луѓе од кои осум од редакцијата на неделникот, а 11 лица беа ранети.

Од минатата недела под полициска заштита е ставен и другиот сатиристички неделник „Канар Еншене“, кој доби закана дека неговите новинари ќе бидат исечени со сатар.

Истрагата за исламистричките мрежи и евентуалната логистичка поддршка на терористите од други лица во Франција, продолжува со истовремено засилување на безбедносните мерки. Во Франција има 10.000 припадници на армијата на теренот, многу повеќе околу во воените операции во странство.

Би можело да ве интересира

Марин Ле Пен и 26 лица обвинети за финансиска измама која траела со години

Горан Наумовски

ВИДЕО: Голема поплава во Кан, водата носеше автомобили

Париз блокиран: Илјадници луѓе протестираат

Французите ја намалуваат цената на струјата за 10 отсто

Предраг Петровиќ

Протести низ Франција против именувањето на Мишел Барние за премиер

Макрон го назначи Барние за шеф на владата