Исламисти се закануваат и на друг француски неделник

Од:

Најголемиот и најпопуларен сатиричен неделник во Франција „Окован патор“, соопшти дека добил страотни закани за смрт, само еден ден откако радикални исламисти убија 12 лица во редакцијата на „Шарли Ебдо“ во Париз.

„Вие сте на ред“, стои во пораката која што на 8-ми јануари е испратена на мејлот на неделникот со закана дека новинарите со секира ќе бидат исечени на парчиња.

Како што наведуваат од редакцијата на овој неделник, полицијата веќе покренала истрага, а зајакнати се и безбедносните мерки.

Инаку „Окован патор“ е најпознатиот француски сатиричен неделник чиј што тираж изнесува околу половина милион примероци. Неделникот е основан во 1915 година, а е познат по многу ексклузивни објави за политичките и бизнис кругови, како и поради истражувачките текстови за скандали со објави на шеги и карикатури.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Марин Ле Пен и 26 лица обвинети за финансиска измама која траела со години

Горан Наумовски

ВИДЕО: Голема поплава во Кан, водата носеше автомобили

Париз блокиран: Илјадници луѓе протестираат

Французите ја намалуваат цената на струјата за 10 отсто

Предраг Петровиќ

Протести низ Франција против именувањето на Мишел Барние за премиер

Макрон го назначи Барние за шеф на владата