Итно да се објави пресудата за Кежаровски

Од:

Иницијативниот одбор за ослободување на новинарот Томислав Кежаровски го повикува Апелацискиот суд до петок, 16 јануари 2015, да ја соопшти пресудата, која како што веќе информираше судијата Сафет Незири е донесена.

Доколку до петок таа не биде соопштена, Иницијативниот одбор упатува јавен повик до сите новинари и граѓаните со своето присуство пред Апелацискиот суд да го искажат незадоволството од одолговлекување на објавувањето на пресудата.

„Ваквата состојба на исчекување го доведува нашиот колега и неговото семејство во крајно неизвесна ситуација, потсетуваме, Кежаровски е невин! Тој е осуден за текст објавен во 2008 година во кој открива манупулации со заштитен сведок во случајот Ореше, кој во 2013 година и самиот призна дека лажел и дека изјавата ја давал под принуда“, се вели во соопштението на иницијативниот одбор.

Колегата Кежаровски повеќе од година и половина е во ужасно тешка ситуација – притворен и осуден иако е невин, без право да излезе од домашниот притвор, без право да работи. Дополнително, тој и целото негово семејство од октомври се држат во состојба на исчекување на одлуката на судот.

„Сметаме дека се преминати сите хумани и човечки граници на трпение. Колеги срамно е да се солидаризираме со ужасниот масакр што се случи врз новинари во Париз, а да молчиме кога наш колега е невин осуден и се држи во притвор“, се вели во соопштението на одборот.

Би можело да ве интересира

На Кежаровски нема да му се суди во „Ликвидација“

Васко Маглешов

Кежо на роденденот повторно на обвинителна клупа за „Ликвидација“

Васко Маглешов

Кежаровски најави нова книга, продолжение на „Живот во кутија“

Ана Ололовска

ФОТО: Домот на Томислав Кежаровски ограбен за новогодишната ноќ

Ана Ололовска

„Живот во кутија“ – прва книга на новинарот Томислав Кежаровски

Ана Ололовска

Кежаровски: Владимир Талески сега не може да избега или да влијае на сведоци?

Емир Латифовиќ