Вредноста на вкупниот откуп и продажбата на земјоделски производи во ноември 2014 година изнесува 704.527.000 денари што претставува намалување за 57 проценти во споредба со ноември 2013 година.
Според Државниот завод за статистика, вредноста на откупените земјоделски производи од индивидуалните земјоделски производители е намалена за 75,9 отсто, а продажбата од сопственото производство на претпријатијата е зголемена за 3,9 проценти.
Намалување на вредноста на откупените и продадените земјоделски производи е забележано кај индустриските, фуражните растенија, овошјето, грозјето, живината и јајцата, млекото и рибата, а зголемување има кај житата, зеленчукот, алкохолните пијалаци, добитокот и млечните производи.