На хрватскиот остров Паг е изградена модерна импозантна куќа со прекрасна медитеранска градина, дело на архитектонското студио „Лог-Урбис“.
Куќата „Олива“ е со интересна архитектура чиј концепт ги нагласува карактеристиките на околината, бидјеќи во нејзината структура се користени традиционални далматински елементи, како камените ѕидови, дрвените ролетни, бродските тераси и медитеранската вегетација.
Куќата е дизајнирана за потребите на постара брачна двојка, па сите животни простории се на горниот кат. Куќата има салон за дневен престој, трпезарија, кујна и спални соби. Од големата тераса на овој кат се пружа поглед кон Јадранското Море.
Долниот кат на куќата ги содржи помошните зони, како винскиот подрум, просторијата за сушење алишта и собата за велнес и фитнес од каде се излегува на накривена тераса и базен долг 17 метри.
Во изграбата на „Олива“, која е со зелен покрив, се користени еколошки материјали, а куќата има и систем за геотермално греење и соларни колектори.