Ди пресе – Виена
Религозниот мир е историско достигнување на Европа, едно зад кое стои огромен број на жртви. Само 30 годишната војна (1618-1648) во некои региони на континентот го намали бројот на населението за дури две третини. Државно-теоретските и политичко-религиозните услови за надминување на религиозните војни ги дефинираше филозофот Томас Хобс (1588-1679) во своето објавено дело во 1651 година Левијатан. Тука во генијалниот историски пресврт на државата е прогласена за врховен суверенитет на земјата, а црквата и религозните заедници се повикани да се потчинат на новиот суверенитет – на Левијатанот.
Со тоа е создадена следната формула која Европа ја извлече од темнината на религиозните војни. За да уживаат во мир, индивидуална слобода и да добијат гаранција за почит на своите приватни имоти, луѓето влегуваа во едностран договор со Левијатан, како некогаш Мојсије на брегот на Синај, и на него го пренесувале суверенитетот.
Модерната правна држава во голема мера религиозно е неутрална, таа гарантира религиозна слобода и заштитнички стои над неа. Како предуслов, тој модел на модерен Левијатан од верските заедници бара да го прифатат приматот на државниот суверенитет и да се откажат од тоа да развиваат своја политичка теологија. Во модерните правни држави сите религиозни заедници без исклучок мора да ги прифатат институциите на државата, демократијата и религиозниот плурализам за и самите во возвратен акт да бидат прифатени и признати од државите. Признавањето на секуларниот државен суверенитет од страна на верските заедници е неопходен услов за уживање на религозните слободи и неутралноста на државата во прашањата за религијата.
Дали Европа и исламот се исклучуваат?
Општо кажано: Модерните правни држави и политичките религии меѓусебно се исклучуваат. Една политичка религија може себеси да се дефинира транцедентно или секуларно, т.е. може да се развива околу трансцендентни или политички референци. Бидејќи ортодоксниот ислам и сунитските и шиитските деноминации ги става Божјите закони на Куранот и Суните над граѓанско-секуларниот устав, па заедницата ја признаваат правната држава само привремено и само привидно. Заклучок: Модерната правна држава и ортодоксниот ислам меѓусебно се исклучуваат. На нив физички не е можно да постојат заедно на исто место.
Интеграцијата на исламските заедници во либерално-демократските општества и како производ на тој чин, државното признавање на Исламот како правно заштитена религиозна заедница, бара темелна реформа на самиот Ислам. Необврзувачкото и само привидно прифаќање на институцијата на правна држава од страна на исламските заедници не е и не може да биде доволно. Европскиот Ислам мора да преземе радикална реформа на Шеријатот, конкретно, мора да се откаже од Шеријатот. Задачата не е лесна, бидејќи со тоа од европскиот Ислам се бара ништо помалку од радикална реформа на самиот себе, но само таа постапка би го направил компатибилен со институцијата на модерна правна држава.
Според една студија на Криминолошкиот истражувачки Институт Нидерзаксен, половина муслимани во Германија го вреднуваат исламот над демократијата, па со тоа Шеријатот за нив поседува поголема вредност од демократска правна држава. Во конфликтни случаи меѓу демократијата и Исламот половина германски муслимани даваат предност на Исламот и Шеријатот.
Нејасните и дифузни изјави кои доаѓаат од претставници на исламските здруженија се под знак прашалник. Исламското движење Национална визија на пример зборува за коегзистенција на муслиманите и немуслиманите. Да се разбереме, коегзистенција е идеолошки екстремно оптоварен термин. Тој политички влезе во употреба во времето на Студената војна, кога комунистите му го подарија третманот на привремено примирје во борбата за глобална надмоќ. Во таа идеолошка интерпретација на терминот коегзистенција спаѓа и Националната визија.
Национална визија беше и наслов на книгата на поранешниот турски премиер и основач на исламистичката Партија на благосостојба, Некметин Ербакан. Во неа се наоѓа и неговата колку позната толку и застрашувачка изјава: Европјаните веруваат, дека муслиманите дошле во Европа само да заработат пари. Но, Алах има друг план. Изјавата на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган од еден изборен митинг во 1997 година речиси е на ниво на објава на војна: Демократијата е само воз на кој ние се качуваме додека не дојдеме до целта. Џамиите се наши касарни, минарињата наши бајонети, куполите наши шлемови и верниците наши војници.
Но, некои изјави дадени на германско тло даваат храна за размислување. Така поранешниот претседател на Централниот совет на муслиманите во Германија Надем Елиас на прашањето дали Исламот е компатибилен со секуларната правна држава, тој одговори: Да, се додека ние сме во малцинство.
Стапица за правната држава
Моменталната политичка дискусија околу мирољубивоста на Исламот очигледно смета на постоењето на широката европска база на интелектуално неполнолетните граѓани кои не се во состојба да размислуваат самостојно. Од таа причина сите критичари на Исламот паушално ги ставаат во група на исламофоби, со што секоја религиозна критика тенденциозно се криминализира и во старт се гуши. Без критично соочување со религиите низ историјата, во Европа не би имало ни време на Просветеност ниту пак би можеле да зборуваме за Модерна.
Критичното соочување со поимот религија беше и остана основен елемент на демократијата и секуларната правна држава. Секој кој денес ги банализира очигледните проблеми до кои доаѓа во процес на интеграции на Исламот во европските држави и општества, ја гази сопствената одговорност кон идните генерации. Нашите деца и поколенија кои допрва доаѓаат немаат свој глас, дури денешните генерации стојат во обврска да размислуваат за нивната иднина и да обезбедат шанси и тие утре да можат да живеат во отворено демократско општество.
Бидејќи ортодоксниот Ислам не познава, не признава и не дозволува никакви историско-критички интерпретации на своето постоење, така и секоја европска одлука за интеграција на Исламот се претвора во општествена стапица за правната држава. Консеквентната интеграција на ортодоксниот ислам во перспектива ја трансформира правната и божја држава.
А таквите држави денес, таму каде реално постојат, според сите показатели и интернационални стандарди, индексот на мирот, гаранцијата на човековите права, економската распределба, издаваштвото, патентите, квалитетот на животот – заземаат стабилно место на дното на скалата. Дали некогаш сме слушнале за некој политичар или теолог од исламскиот свет, како дал изјава според која Христијанството би било интегрален дел од нивната култура?
Но, додека инсистираме на договор со Левијатан консеквентно и цврсто, додека се стремиме кон коалиција со слободољубивите муслимани, Хобс сеуште има шанса. Не и голема, за жал. Наместо во палатата Стурани да се отвореше одамна неопходниот Карл Попер институтза развој на отворено општество, државата Австрија се одлучи во неа да ја вдоми мисионерската станица на исламистичката ортодоксија (се мисли на саудискиот Центар на кралот Абдулах). Наместо отворено општество, Виена на светот подарува интер религиозен дијалог од саудиски тип.