Турција и Германија ќе формираат Совет за соработка на високо ниво

Од:

Турција и Германија се договорија за формирање на Совет за соработка на високо ниво, изјави турскиот министер за ЕУ, Волкан Бозкер.

Како што пренесуваат руските медиуми, за време на средбата во Берлин турскиот премиер Ахмет Давутоглу и германскиот канцелар Ангела Меркел се договорија да се формира Советот за соработка на високо ниво. Планирано е неговото  прво заседание да се оддржи во јануари или февруари 2016 година, најверојатно во Турција, рече синоќа Бозкер во Берлин, во интервју за турската телевизија НТВ.

Министерот за ЕУ уште посочи дека одлуката за формирање на ваквото   тело била планирана уште одамна.

-Ние имаме вакви Совети за соработка на високо ниво со повеќе земји, вклучувајќи ги Русија и Грција, забележа Бозкер.

Турскиот премиер Ахмет Давутоглу вчера беше во еднодневна официјална посета на Берлин. Во Германија живеат околу три милиони граѓани од турско потекло. Германија е најголемиот надворешно-трговски партнер на Турција, а во текот на 2014 година обемот на стокова размена меѓу двете земји изнесуваше 38 милијарди долари.

Би можело да ве интересира

Германско државјанство нема да добијат оние кои објавуваат: „Израел е убиец на деца“

Русија се вооружува: „Украина е само почеток“

Германија: Нема да ги укинеме ограничувањата за употреба на западно оружје со долг дострел

ВИДЕО: Полицајци во Берлин бркаат и приведуваат дете со палестинско знаме, снимката предизвика реакции

Катерина Ѓуровски

Тепачка во трговски центар во Германија, еден ранет, неколкумина повредени

Силен земјотрес ја потресе Турција

Горан Наумовски