Нигерија негира дека околу 2.000 луѓе се убиени во нападите на Боко Харам

Од:

Властите во Нигерија соопштија дека во нападите на екстремистите на Боко Харам врз пограничниот град Бага минатата недела биле убиени најмногу 150 луѓе, јави Би-Би-Си.

Нигериското Министерство за одбрана наведува дека во таа бројка има „и многу терористи“, кои го нападнале гратчето во државата Борно на границата со Чад, но се соочиле со голем отпор на армијата.

Локални официјални лица претходно соопштија дека бројот на убиени минатата недела е над 2.000, а Амнести интернешнал наведе дека тој масакр е најголемиот досега извршен од Боко Харам.

Министерството за одбрана соопшти дека извештаите за убиени 2.000 луѓе во Бага се „шпекулации и претерување“. Според нив, армијата преземала „неопходни акции“ да се врати мирот и законот во Бага, но даде малку детали за операцијата за преземање на градот од исламистичките бунтовници.

Претходно католичкиот надбискуп во централна Нигерија, Игњатиус Каигама го обвини Зпадот дека ја игнорира заканата која ја претставува Боко Харам. Каигама вели дека светот мора да покаже повеќе решителност да го запре напредувањето на таа група во Нигерија.

– Потребен ни е тој дух да се шири наоколу. Не само кога (напад) ќе се случи во Европа, туку и кога ќе се случи во Нигерија, Нигер или Камерун. Мораме да ги мобилизираме нашите меѓународни ресурси и да се соочиме и спротивставиме на луѓето кои ја донесоа оваа тага во многу семејства, истакна Каигама.

Во иницијативата на Франција упатен е повик до Нигерија, Нигер, Камерун и Чад да придонесат со по 700 војници во меѓународни сили кои би се бореле против Боко Харам, но ниту една од тие држави досега тоа не го сторила.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО Поплавите уништија нигериски град, на улиците „врие“ од крокодили и змии

Се урна училиште во Нигерија – загинаа 22 ученици, 150 се заглавени под урнатините

A1on

Најмалку 18 луѓе загинаа во бомбашки напад во Нигерија

Повеќе од 100 гости на свадбата се удавија во Нигерија кога нивниот брод се преврте

Најмалку 54 лица загинаа во експлозија на бомба во централна Нигерија

ВИДЕО: Свештеник жив запален во Нигерија

А1он