Белата куќа призна дека згрешила што не испратила висок претставник во Париз

Од:

Белата куќа призна дека згрешила што не испратила висок претставник на маршот против тероризмот во Париз, на кој учествуваа над 40 светски лидери.

САД беа претставени од американскиот амбасадор во Франција.

– Требаше да испратиме некого со повисок ранг, призна портпаролот на Белата куќа Џош Ернест, одговарајќи на многубројните критики во американскиот печат за отсуството на претседателот Барак Обама и на неговиот потпретседател Џо Бајден, или на некого од неговите министри.

– И покрај тоа, меѓутоа, не треба да постои сомнение во однос на силната врска, која САД ја имаат со Франција, истакна Ернест.

Би можело да ве интересира

Одговорот на Лавров: Соединетите Американски Држави и нивните сателити едноставно се плашат од фер конкуренција

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Објавена снимка од американски разурнувачи кои пукаат во ирански ракети

Џо Бајден се противи Израел да ги таргетира иранските нуклеарни локации

Најмалку 64 жртви на ураганот Хелена во југоисточниот дел на САД

Марин Ле Пен и 26 лица обвинети за финансиска измама која траела со години

Горан Наумовски

Иран: Нема да се двоумиме, САД мора да ги прифати последиците