Сирија демантира дека гради нуклеарен комплекс

Од:

Официјалната сириска новинска агенција САНА го демантираше германскиот весник „Шпигел“, кој објави дека режимот на претседателот Башар ал Асад тајно гради комплекс во кој ќе се произведува нуклеарно оружје.

„Шпигел“ во саботата повикувајќи се на „ексклузивни документи“, сателитски снимки и разузнавачки податоци објави дека постои комплекс во близина на градот Кусејр до либанската граница. Кодното име на објектот е „Замзам“ и може да послужи за изградба на реактор или за збогатување на ураниум. Германскиот весник наведе дека објектот е обезбедуван од либанското движење Хезболах, сојузник на режимот на Асад.

САНА наводите на „Шпигел“ ги оцени како смешни и лажни. Обвинувањата ги окарактеризира како дел од заговорот на регионалните и меѓународните сили вмешани во агресијата против Сирија.

Би можело да ве интересира

Иран го предупреди Израел: Ќе ви одговориме уште посилно, ставете не во искушение

Во израелски напад на Дамаск загина и познатa сириска новинарка

Израел го ликвидирал братот на Башар ал Асад ?

Израелска армија: Го убивме лидерот на Хамас во Сирија

Серија израелски напади врз Сирија, најмалку пет лица загинаа, 19 се ранети

Избегнат руско-американски инцидент во Сирија