Меркел: Исламот е дел од животот во Германија

Од:

Исламот е дел од животот во Германија, изјави денеска германската канцеларка Ангела Меркел, во време на растечки антиисламски протести во земјата, јави ДПА.

Организаторите на протестите на Патриотски Европејци против исламизација на Западот (ПЕГИДА) имаат корист од терористичките напади во Париз минатата недела, за зголемување на бројот на присутни на своите протести. Од октомври групата организира протести секоја недела во Дрезден.

Речиси 18.000 лица се вклучија во протестот на ПЕГИДА во источниот германски град пред една недела и полицијата се подготвува за уште поголеми протести по бранот страв и гнев, поради нападите во францускиот главен град.

Меркел на прес-конференција во Берлин со турскиот премиер Ахмет Давутоглу, изјави дека го смета исламот за дел од Германија.

– Од своја страна би кажала дека според поранешниот федерален претседател Кристијан Вулф исламот е дел од Германија. Така мислам и јас. Јас сум канцелар на сите Германци. Тоа ги вклучува сите кои живеат тука постојано, без разлика од каде доаѓаат, нагласи Меркел.

Би можело да ве интересира

Германските тајни служби ќе можат да ја следат АфД за екстремистички активности

Горан Наумовски

Мистериозна смрт на девојче во Германија

По неколку напади врз левичарски политичари во Германија и претставниците на АфД беа нападнати

Горан Наумовски

Четворица тинејџери под истрага за нападот на германскиот пратеник Матијас Еке

Германија стравува дека утре ќе избијат немири, илјадници полицајци пристигнуваат во Берлин

Меѓународниот суд на правдата нема да и наложи на Германија да го запре извозот на оружје за Израел

Горан Наумовски