Франција била против учеството на Нетанјаху во маршот

Од:

Кабинетот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху потврди дека Франција прво се противела на идејата тој да учествува во историскиот марш во Париз, во уверување дека присуството на лидерот на Израел би можело да предизвика „раздор“.

Извор од кабинетот на Нетанјаху, за Радио Израел изјави дека Франција не дала официјална причина за противењето на присуството на Нетанјаху. Израелски ТВ Канал2 наведе дека Париз сакал да избегне спомнување на израелско-палестинскиот судар на маршот, кој беше организиран во знак на солидарност по серијата терористички напади во францускиот главен град, во кои беа убиени 17 лица, вклучувајќи и четворица Евреи во кошер супермаркет.

Кога францускиот претседател Франсоа Оланд сфатил дека Нетанјаху сака да се придружи на маршот, лично тој го повикал по телефон, пренесува Танјуг. Нетанјаху прво ја прифатил желбата на Париз да не присуствува и се повикал на безбедносни причини за да објасни зошто нема да дојде. Меѓутоа, подоцна се предомислил, по што министрите за надворешни работи и за економија Авигдор Либерман и Нафтали Бенет најавиле дека тие ќе одат на маршот.

Кога кабинетот на Нетанјаху ја информирал Елисејската палата дека тој сепак доаѓа, Франција истакнала дека го повикала палестинскиот претседател Махмуд Абас. Вчера, Оланд и светските лидери, вклучувајќи ги и Нетанјаху и Абас, маршираа во големата процесија, која почна онаму каде вооружените напаѓачи убија 12 лица во сатиричниот неделник „Шарли ебдо“.

Нетанјаху прво беше во вториот ред, но потоа се премести во првиот, до претседателот на Мали Ибрахим Боубакар Кеита, Оланд, германската канцеларка Ангела Меркел, претседателот на Европскиот совет Доналд Туск и Абас.

Маршот привлече околу 1,6 милиони луѓе и беше најголемиот во серијата демонстрации во Франција, во кои учествуваат 3,7 милиони лица.

Инаку се денеска е предвидено Нетанјаху да ја посети кошер продавницата каде беа убиени четворицата Евреи. Портпаролката на израелската амбасада во Франција соопшти дека нетанјаху и Либерман ќе оддадат почит на жртвите, но беа никаков говор за време на кусата церемонија.

Тој синоќа зборуваше на хебрејски во Големата синагга во Париз, каде и се заблагодари на Франција на „многу цврстата позиција против “ антисемитизмот.

– Наш заеднички непријател е радикалниот екстремистички ислам, а не нормалниот ислам, рече Нетанјаху.

Би можело да ве интересира

Марин Ле Пен и 26 лица обвинети за финансиска измама која траела со години

Горан Наумовски

ВИДЕО: Голема поплава во Кан, водата носеше автомобили

Париз блокиран: Илјадници луѓе протестираат

Французите ја намалуваат цената на струјата за 10 отсто

Предраг Петровиќ

Протести низ Франција против именувањето на Мишел Барние за премиер

Макрон го назначи Барние за шеф на владата