Франција мобилизира 10.000 војници за обезбедување на земјата од терористички напади

Од:

Франција до утревечер ќе распореди 10 илјади војници за да ја гарантира безбедноста на најневралгичните места и објекти во земјата по терористичките акти, соопшти министерот за одбрана Жан-Ив Ле Дриан по безбедносното советување во Елисејската палата, со кое раководеше претседателот Франсоа Оланд.

– Вклучувањето на војската доаѓа по наредба на претседателот Оланд, изјави Ле Дриан, кој подвлече дека станува збор за „вистинска внатрешна операција“ и, дека француските вооружени сили првпат се мобилизираат на француска територија.

Мобилизацијата почна уште утринава.

Министерот не сакаше да ги посочи невралгичните точки во земјата, изјавувајќи дека е подобро тие да не се посочуваат.

Од денеска се ангажирани и дополнителни над 5.000 полицајци и жандарми во заштитата на 717 еврејски училишта и религиозни објекти во Франција, соопшти Владата.

– И натаму е присутна опасноста од нови терористички акти во Франција, изјави премиерот Мануел Валс за ТВ каналот „БФМ“, цитиран од ТАСС.

„До последен детал ќе продолжи да се спроведува планот за борба со тероризмот, рече тој. Премиерот додаде дека за реализирање на овој план во Франција се активирани 8.470 војници.

Министерот за внатрешни работи Бернар Казнов утринава ги посети
париските квартови во кои живеат евреи, како и еврејското училиште во предградието Монруж, во кое беше убиена полицајката.

– Државното раководство треба да направи се што е неопходно за гарантирање на безбедноста на земјата. Во најблиска иднина ни претстои да разработиме дополнителни мерки за борба со екстремистите, забележа францускиот премиер Валс. Тој додаде дека „Парламентот, најверојатно, ќе го одобри формирањето на истражна комисија“ во врска со терористичките акти што беа изведени во земјата .

Би можело да ве интересира

Марин Ле Пен и 26 лица обвинети за финансиска измама која траела со години

Горан Наумовски

ВИДЕО: Голема поплава во Кан, водата носеше автомобили

Париз блокиран: Илјадници луѓе протестираат

Французите ја намалуваат цената на струјата за 10 отсто

Предраг Петровиќ

Протести низ Франција против именувањето на Мишел Барние за премиер

Макрон го назначи Барние за шеф на владата