Германскиот неделник „Шпигел“ тврди дека сириските власти во тајност градат подземен комплекс во кој би можеле да произведуваат атомско оружје.
Весникот, повикувајќи се на „ексклузивни документи, сателитски снимки и на прислушувани разговори од страна на тајните служби“, пишува дека објектот, чие тајно име е „Замзан“, се наоѓа во планински реон во западниот дел на Сирија, кој е тешко достапен.
„Шпигел“ наведува дека во комплексот работат нуклеарни експерти од Северна Кореја и од Иран, а е обезбедуван од припадници на Хезболах.