Маршот на солидарноста во Париз почна со минута молчење

Од:

Десетици светски лидери – еден до друг, оддадоа денеска почит со едноминутно молчење на жртвите од терористичкиот напад во Франција во кој беа убиени 17 луѓе, а потоа ги поведоа граѓаните во Марш на солидарноста.

Граѓаните, заедно со Оланд ги поведоа и германскиот канцелар Ангела Меркел, британскиот премиер Дејвид Камерон како и израелскиот лидер Бенјамин Нетанјаху и палестинскиот Махмуд Абас.

Проценките се дека повеќе од милион луѓе меѓу кои и 40 светски лидери, учествуваат во Маршот во Париз, додека слични собири беа организирани и во други градови.

Оланд пред Маршот изјави дека Париз денеска е престолнина на светот.

На повикот на францускиот претседател да учествуваат на голема антитерористички протестен марш се приклучија највисоки функционери во Европската унија и лидери на европски држави.

Би можело да ве интересира

Марин Ле Пен и 26 лица обвинети за финансиска измама која траела со години

Горан Наумовски

ВИДЕО: Голема поплава во Кан, водата носеше автомобили

Париз блокиран: Илјадници луѓе протестираат

Французите ја намалуваат цената на струјата за 10 отсто

Предраг Петровиќ

Протести низ Франција против именувањето на Мишел Барние за премиер

Макрон го назначи Барние за шеф на владата