Париз денеска е престолнина на светот, изјави денеска францускиот претседател Франсоа Оланд пред одржувањето на Маршот на солидарноста со жртвите во терористичките акции кои почнаа со напад врз сатиричниот весник Шарли ебдо и во кои беа убиени 17 луѓе.
– Целата моја држава ќе стане, изјави Оланд пред министрите, јавуваат француски медиуми.
На Маршот се очекуваат повеќе од милион луѓе и присуство на повеќе од 40 светски лидери кои ќе и искажат поддршка на Франција.
Повеќе од 5.500 полицајци и војници ќе се грижат за безбедноста во Париз поради Машот на солидарноста. Дополнително ќе бидат распоредени 2.200 луѓе за обезбедување на рутата на маршот и повеќе од 3.000 полицајци и војници околу градот, пред медиумите, верски објекти, јавни згради и дипломатски мисии.