Во повеќе градови во Чешка вчера се измерени рекордно високи температури за овој период од годината, кои се движеа од 11 до 16 степени Целзиусови.
Најтопло беше во северниот дел на земјата во местото Вањов (Усти над Лабем), каде се измерени 16,8 степени Целзиусови.
Хидрометеоролошкиот завод информираше дека од 138 станици каде се мери температурата повеќе од 30 години, во над 40 бил надминат рекорд од претходните години за 10 јануари.
Во шест станици бил измерен апсолутен рекорд за првиот месец од годината.
Во Дел од Прага, бил забележан апсолутен рекорд за јануари каде актуелната температура била 14,7 степени, додека досегашниот рекорд од 30 јануари 2013 година бил 12,6 степени Целзиусови.