Полска победник на Хопман купот

Од:

Репрезентацијата на Полска првпат во историјата на Хопман купот заврши како победник. Во денешеното финале Полска славеше со 2:1 против САД.

Решавачкиот поен за победа беше обезбеден во играта на мешани двојки кога Јиржи Јаановиц и Агнешка Радванска ги победија Серена Вилијамс и Џон Изнер со 7:5 и 6:3 во сетови.

Во мечевите во поединечна конкуренција Радванска со 6:4; 6:7 (3:7) и 6:1 ја победи Вилијамс, додека Американецот Изнер беше поуспешен од Полјакот Јановиц со 7:6 (12:10) и 6:4.

Во рамките на Хопман купот репрезентацијата на САД е најуспешна со шест титули.

Би можело да ве интересира

Алкараз го совлада Синер за трофејот во Пекинг

Алкараз лесно го совлада Медведев

Предраг Петровиќ

Медведев откри кој е најдобриот тенисер на планетава

Предраг Петровиќ

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров