Новото засилување на кошаркарскиот клуб Баерн од Минхен, Лестер Бо Меккејлеб ќе отсуствува од кошаркарските терени најмалку три недели откако се здоби со незгодна повреда на палецот на десната рака.
Поранешниот македонски репрезентативец, кој на германскиот тим му се приклучи пред два месеца, се здобил со повредата за време на мечот во второто најквалитетно кошаркарско натпреварување Еврокупот против францускиот претставник Дижон.