Австрискиот скијач Марсел Хиршер е победник на денешниот велеслалом што се возеше во швајцарскиот ски центар Аделбоден.
Ова за него е петта победа во Аделбоден, а триумфираше со вкупно време 2:39,11 минути.
Второто место му припадна на Алексис Пинтуро од Франција, кој имаше заостанување од 1,13 секунди, додека Норвежанецот Хенрик Кристоферсен го освои третото место со заостаток зад победникот од 1,64 секунди.
Хиршер со 460 бодови е водечки во пласманот за велеслалом пред Американецот Тед Лигети. Во генералниот пласман Хиршер е лидер со 776 бодови, а Норвежанецот Кјетил Јансруд е втор со 624 поени.
Женскиот спуст во Бад Клинхерхајм не се одржа поради силниот ветар (105 километри на час) и високите температури.