На првите тениски турнири во женска конкуренција во 2015 година титулите им припаднаа на Марија Шарапова (Бризбејн) и Симона Халеп (Шенжен).
Шарапова во финалето во Бризбејн со пресврт дојде до победа, а нејзината противничка Ана Ивановиќ водеше со 1:0 во сетови. Првиот сет со 7:6 и припадна на Ивановиќ, а следните два ги доби Шарапова со 6:3.
За Шарапова ова е 10-та победа во меѓусебните мечеви.
На турнирот во Шенжен Симона Халеп на убедлив начин стигна до победа откако во финалето ја совалада Тимо Бишчански со 6:2 и 6:2. Ова за Халеп беше 9-та турнирска победа во кариерата.
Рано утрово во финалето во Оукленд Венус Вилијамс ја совлада Каролине Возниацки со 2:1 во сетови.