Рим е подготвен да предводи мировна мисија во Либија ако биде со мандат на ОН, изјави синоќа италијанскиот премиер Матео Ренци.
– Ако мисијата на пратеникот на ОН во Либија не даде резултати, Италија е подготвена да преземе водечка улога пред се дипломатска, и мировна под знаме на ОН, изјави Ренци.
Тој додаде дека Рим е силно заинтересиран да има стабилност во северноафриканската држава.
– Либија не може да опстане во условите во кои е во моментот, нагласи Ренци укажувајќи дека хаосот во таа држава е извор на опасности во Медитеранот.