Од денеска „Баскерфест“ на скопските улици

Од:

Од денеска до 10-ти јуни се одржува најголемиот интернационален уличен настан „Баскерфест“ на улиците низ Скопје.

Почетокот е закажан за 19 часот, со одење по жица пред Веро-центарот, по што манифестацијата се префрла на Плоштадот „Македонија“.

Се најавуваат спектакуларни акробатски и музички перфромански.

За забавата на улиците и плоштадите во Скопје ќе се погрижат триесетина магионичари, акробати, танчари, жонглери, музичари, уметници од Австралија, Канада, Аргентина, Полска, Италија, Нов Зеланд, САД, Германија, Ирска, Јапонија и други земји.

 

 

Би можело да ве интересира

Ново издание на месечните „Кино средби“ на Францускиот институт Скопје во Кинотеката

Македонските автори и книги пред светската издавачка јавност во Франкфурт

„Точка нула“ од Артем Чех во „Матица“: Кога пишувањето станува наредба

Јован Јосифовски е добитник на Наградата ДЕНЕС 2026

„Денови на македонската поезија“ по 36-ти пат во Гетеборг

Во Битола отворено јубилејното 35. издание на Интернационалниот фестивал на класична музика „Интрерфест“