ВМРО-ДПМНЕ: Приватна компанија е надлежна за снабдувањето со струја

Од:

СДСМ одговорниот за прекините во снабдувањето со електрична енергија на делови од западна Македонија предизвикани од неодамнешното невреме треба да ги бара на друго месо, а не кај АД МЕПСО, истакнува ВМРО-ДПМНЕ во реакција на денешната прес-конференција на СДСМ на која беше побарано раководството на МЕПСО да поднесе колективна оставка поради недостигот на струја.

– Проблемот за недостиг на струја за кој говореше Тунески е работа во надлежност на приватна компанија, а суштината за недостигот на струја Тунески најдобро ја знае. Ако евентуално има недоумици сигурни сме дека неговиот заменик претседател Радмила Шекеринска во детали ќе му објасни за нејзиниот „бонбона“ бизнис. Ако Тунески има барем грам достоинство и политички кредибилитет треба да застане пред Шекеринска и да ги повтори неговите ставови кои ги имаше за продажбата на ЕВН во 2006-та година. Да потсетиме ,доколку заборавил, тогаш Тунески и рече на актуелната заменичка-претседател на СДСМ дека ЕСМ не треба да се продава и дека приватна компанија нема интерес да се ангажира за ситни прекини во завеани села, се вели во ракцијата од ВМРО-ДПМНЕ.
Се посочува дека целата јавност имаше можност да ги следи стручните познавања на Тунески во енергетскиот сектор кога тој имаше можност да раководи со енергетскиот систем.

– За среќа, навремено беше сменет во спротивно ќе се запише како првиот во историјата на државата на кого му паднал енергетскиот систем. Атанаско Тунески е познат по тоа што беше член на ВМРО-ДПМНЕ, беше промовиран за член на ЛДП, а сега на СДСМ, смената на партиите одеше правопропорционално со смената на политичките ставови што говори за неговиот низок степен на кредибилитет, се нагласува во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Тоа што не се донесе Изборниот законик е показател за тоа дека СДС, Левица и ДУИ, кога имаат можност ќе го блокираат напредокот на државата

СДСМ: Над два милиони евра завршиле кај „Маратон“ и уште една фирма блиска до ВМРО

Манасиевски: Опозицијата не се бори за подобар Изборен законик, туку за да нема Изборен законик

Нема договор за Изборниот Законик, опозицијата блокира со илјадници амандмани

Катерина Ѓуровски

Милошоски: Левицата не сака да го потпише предлогот за измени на Изборниот законик, ќе биде поднесен амандман за парите за изборно рекламирање

Тренчевска: Две години Влада на Мицкоски, нема повисоки плати, нема подобар стандард- нула исполнети ветувања