Задниот влез на црквата Св. Софија и натаму собиралиште на хулигани

Од:

Задната страна од црквата Св. Софија во Охрид, за жал и натаму служи како собиралиште на хулигани. Поставувањето на оградата околу црквата пред скоро време не ги спречи несовесните граѓани и гости во Охрид да го сквернават еден од најстарите божји храмови во Охрид.

Жителите кои живеат во близина на црквата неколку пати реагираа на лошата глетка каде секојдневно поминуваат граѓани и туристи.

sofija (2)

Ова не смееме повеќе да го дозволуваме, а ни се случува и за големите христијански празници кога голем број верници се присутни во нашиот град за големиот христијански ден – реагираат жителите кои живеат во близина на еден од најзначајните знаменитости во Република Македонија.

Тие додаваат дека и покрај оградата за да се зачува црквата, западната фасада од црквата Св. Софија и понатаму претставува јавен тоалет и ноќно собиралиште на хулигани. Апелираат до црковните служби да преземат мерки за заштита на овој простор и да го заштити еден од најзначајните верски храмови во државата.

sofija (3)

Би можело да ве интересира

Бунтот се шири во Струга, фактури од ЗАМП доаѓаат за ист апартман до повеќе членови на семејство

(ВИДЕО) Шајн: Пецаков и ВМРО го загрозија статусот на Охрид, УНЕСКО алармира на пропустите

Пожар во Охрид, огнот се шири кон куќите

Горан Наумовски

Шести ден без струја во студентскиот дом „Никола Карев“ во Охрид

Министерство за транспорт: Инспекторатот ќе отстрани нелегален објект во старото градско јадро на Охрид

Земјотрес со јачина од 3 степени утринава почувствуван во Охридско-струшкиот регион