Хрватскиот тенисер Иво Карловиќ приреди сензација на турнирот во Доха, откако во четвртфиналето го елиминира првиот светски рекет Новак Ѓоковиќ (Србија).
Хрватот победи со 2-1, по сетови 6:7, 7:6 и 6:4.
Во првиот тај-брејк Ѓоковиќ беше поуспешен со 7:2, Карловиќ во вториот сет се реваншира со 8:6, за во третиот решавачки сет како клучен за победата се покажа освоениот седми гем од страна на Хрватот на сервис на противникот за водство во тој момент од 4:3.
Противник на Карловиќ во полуфиналето ќе биде Шпанецот Давид Ферер.