Федерер ја оствари 996. победа

Од:

Роже Федерер се соочи со неочекувани проблеми во својот прв официјален меч во 2015 година, откако со многу мака стигна до триумф над квалификантот Џон Милман во второто коло од турнирот во Бризбејн. Швајцарскиот ас сепак успеа да стигне до победа од 4-6, 6-4, 6-3, што е вкупно 996. триумф во неговата блескава кариера, пренесе Мета.

Федерер направи дури 21 неизнудена грешка во првиот сет, губејќи го со 4-6, а веднаш потоа се најде и во негатива од 1-3 во вториот сет. Милман играше одлично, но Роже во последен момент се разбуди, влезе во посакуваниот ритам и направи целосен резултатски пресврт.

На големиот ас сега му недостигаат само четири победи за да стане член на „Клуб 1.000“ во светскиот тенис, на кој досега во „новата ера“ му припаѓаат само Џими Конорс и Иван Лендл.

Швајцарецот за противник во следната рунда ќе го има Џејмс Дакворт, кој во својот меч успеа да го изненади Јарко Ниеминен.

Би можело да ве интересира

Алкараз го совлада Синер за трофејот во Пекинг

Алкараз лесно го совлада Медведев

Предраг Петровиќ

Медведев откри кој е најдобриот тенисер на планетава

Предраг Петровиќ

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров