Карате спортот ќе се обиде да стане дел од Олимписките програмата на Игрите во Токио во 2020 година, објавија денеска светските агенции.
Челниците на Светската карате федерација ќе дискутираат со организаторите на ОИ за можноста овој спорт да влезе во семејството олимписки спортови.
Интернационалниот олимписки комитет (ИОК) планира усвојување нови реформи познати како „Олимписка платформа 2020“ и со нив треба да се ограничат број на дисциплини кои ќе можат да бидат претставени на Игрите во Токио, но не и бројот на спортови. Ова за официјалните претставници на Карате федерацијата е шанса за евентуален прием на Олимпијадите.
Светската карате федерација, изјави дека во моментов во светот има повеќе од сто милиони натпреварувачи кои се занимаваат со овој спорт.