Нова ера во трговијата со нафта

Од:

Подемот на американското производство на нафта од маслени шкрилци се поклопува со арапската пролет на нафтоносниот север во Африка и на Блискиот исток.

Колапсот на цената на нафтата на светскиот пазар е најзначаен глобално-економски настан во 2014 година. Падот на пазарната вредност на барел од речиси 50 отсто, отвора ново поглавје во историјата на трговијата со покренувачката суровина за глобалната индустрија, оценува Меѓународната агенција за енергија. Мотивите на ОПЕК се Саудиска Арабија да продолжи со рекордно производство наспроти најавениот пад на пазарната цена на нафтата во 2015 година; тоа е предмет на многу анализи но и шпекулации на берзите, на земјите потрошувачи, производители… Тезата на официјален Ријад е дека светот треба да се навикне на ново време на поефтина нафта, која на големо повеќе не ја произведува само нафташкиот картел од 12-мина, основан уште во 1960 година во Багдад. Во меѓувреме, нафтената индустрија во светот се соочува со значајни долгови на многу американски производители на црно злато, со маслени шкрилци, одложување на капитални проекти од Северното море до Нов Зеланд, со недостиг на експерти и нови апетити на водечките азиски купувачи.

Производната цена на нафтата во Саудиска Арабија изнесува 10 американски долари по барел. Оваа земја со 21 милион жители е најголем светски извозник на нафта со 9,6 милиони барели дневно. Има девизни резерви од околу 900 милијарди долари, се понемирно шиитско малцинство на исток и владејачот Абдулах бин Абдулазиз кој има 90 години. Принцот престолонаследник на Саудиска Арабија Салманбин Абдулазиз наполни 79 години. Две водечки личности на кралскиот двор во Ријад веќе 20 години ги служи принцевиот врсник Али ел Наими, кој овие денови, во конкуренција против рускиот претседател Владимир Путин, е избран за светска личност на годината од лондонски Фајненшел тајмс.

Со што Наими го надмина Путин според потезите кои го одредија курсот на годината која е на крај? Пратеникот на временските саудиски монарси го трансформира светскиот пазар на енергија во рок од само неколку месеци, смета престижниот британски весник.

Што направи министерот за нафта на Ријад, одлучен да зачува 10,6 отсто од саудискиот удел во глобалното снабдување со нафта, во втората половина на 2014 година?

Одговорот е едноставен: ништо. Или барем ништо од она што до сега, во време на глобални предизвици, работеше како највлијателен функционер внатре во ОПЕК, на глобалниот нафташки картел на водечките производители кои испорачуваат 40 отсто нафта на пазарот. Картелот на 12 земји пред крајот на минатиот век разведруваше и наоблачуваше на пазарот на нафта, скусувајќи или дополнувајќи нафта колку што треба, според проценките на Ријад, ОПЕК, но почесто и на Вашингтон. Како долгогодишен регулатор во снабдувањето на глобалниот нафтен пазар, ОПЕК и Ријад со години имаа стратешка улога во одржувањето на тековниот глобален деловен поредок.

Од оваа есен, според оценката на некои аналитичари, таа нивна улога е укината, иако сега делува дека Ријад со своето огромно производство ја формира цената на нафтата.

– Неименуван саудиски функционер и министерот Наими оваа есен, во две одвоени изјави во октомври и декември, отворено објавија дека ОПЕК и Саудиска Арабија се откажуваат од доскорешната глобална улога.

Меѓутоа, тектонската промена на глобалните пазари на нафта почна на јавната сцена кон средина на јуни. Во тоа време, барел лесна северноатлантска нафта од типот брент, чинеше 119 долари. Денес мерно буре од 158,9 литри нафта чини околу 60 долари. Лесната тексашка нафта поефтини од јуни во сличен однос.

Колку падот на цената на двата типа и сите други кои ги продаваат ОПЕК, но и Русија, најголем светски производител на нафта, со околу 10,4 милиони барели дневно, летово беше постепен, во време на ненадејна но привремена успешна обнова на производството во Либија од околу милион барели, толку остана од посетата на анонимниот саудиски функционер на Њујорк во почетокот на октомври, цената на нафтата денес е во слободен пад.

– Време е светот да навикне на ново време на поефтина нафта – е дел од изјавата на непознатиот функционер во Ријад, која прва ја пренесе британската агенција Ројтерс.

Берзите веднаш поверуваа на таа анонимна објава, со непроценливи последици, на кои потоа следеја бегства од петрокапиталот од берзата во Персискиот залив, зачестени пукања на исток на Саудиска Арабија и во Ријад, масовни протести во Аргентина, пад на руската рубља, норвешката круна и јужноафриканскиот ранд, потоа серија банкроти на американски производители на нафта од маслени шкрилци и итни ревизии на буџетите на водечките нафтени компании во светот и на цели држави.

Декемвриската изјава на Наими дека Саудиска Арабија и ОПЕК ќе продолжат со рекордното производство на нафта, дури и ако цената на барел падне на 20 американски долари, дополнително го потврди новиот реализам на Ријад. Тој нов реализам го подразбира фактот дека во иднина регионалните организации, како што е ОПЕК, не можат да сметаат на тоа дека само тие ќе бидат пресудни за одредување на цената на нафтата, туку на тоа ќе влијаат и останатите производители.

Тековната драма на светскиот пазар на нафта на прв поглед не е потресна како претходната 2008 година, на почетокот на најтешката глобална финансиска криза по Втората светска војна. Во август во 2008 година барел нафта чинеше 147 американски долари, а во јануари 2009 беше само 33 долари. ОПЕК тогаш, соочен со тогашното рушење на западниот финансиски пазар, веќе од март 2008 најави драстично намалување на производството, што по извесно премислување и го спроведе таа есен.

Токму во тоа време во САД почнува прво скромно, а потоа многу интензивно производство на нафта од маслени шкрилци, а во 2011 година речиси истовремено со арапската пролет, доживеа феноменален процут, кој денес сеуште трае. Растот на американското производство се поклопи со големото намалување на извозот на нафта од Либија, Ирак…

Овој пат, за разлика од курсот во 2008, групата заливски извозници без Иран, донесе одлука и пред самитот на групацијата на 27 ноември во Виена, дека картелот овој пат нема да ги стегне своите нафтени славини.

– Нафтата денес на големо не ја произведува само ОПЕК. Зошто само јас да го намалам производството? Пазарот во иднина само ќе ја стабилизира цената која одговара и на производителите и на потрошувачите – прецизираше Наими.

И додека пребројувањето на победници и жртви во тековниот пад на цената на нафтата на големо трае, Меѓународната агенција за енергија ИЕА, најавува дека штотуку е отворено ново поглавје во историјата на трговијата со нафтата.

– Крај на драстичниот пад на цената на нафтата не е на повидок. Слабата побарувачка, зајакнетиот долар и бумот на производството од маслени шкрилци во САД означуваат почеток на ново поглавје во историјата на нафтениот бизнис. Презаситеноста на пазарите и преголемата понуда го зголемуваат ризикот од општествени немири на глобално ниво и можни банкроти – оцени ИЕА.

Ријад, со инсистирањето по секоја цена да не ја стегне славината, во овој момент долгорочно се исфрли себеси, но и ОПЕК од старата игра на одредување на цената на нафтата. Правилата на новото поглавје на глобалниот нафтен бизнис во меѓувреме допрва ќе се напишат.

– Светот е на почеток на нова ера на трговија со нафта. Сите производители внатре и надвор од ОПЕК кои нема да бидат во состојба да го зголемат извозот и на кои би им недостасувала политичка сила и финансиски средства да го намалат производството, ќе останат пасивни набљудувачи во новата ера – смета Наваф Обаид, истражувач од Белфер центарот на американскиот универзитет Харвард.

Во меѓупросторот, едно од клучните прашања останува: кои се следните контролори на нафтените текови на Арапскиот полуостров, еднаш кога сегашната генерација на монарси ќе ја заврши кариерата; и кои ќе бидат нивните деловни приоритети?

Политика – Белград

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Регионалната иницијатива „Отворен Балкан“ е платформа за поврзување на регионот со светот

Стојановски: Се очекува утре изутрина да има нормализиран автобуски превоз во Скопје

Горан Наумовски

MINT Fintech Group ја поддржа eCommerce конференцијата 2024 како бронзен партнер

АД МЕПСО ги прекинува сите видови на донации и спонзорства до крајот на оваа година

Матарела повика на отстранување на бариерите кои го попречуваат влезот на италијанските производи на кинескиот пазар

Предраг Петровиќ

Победата на Доналд Трамп на американските избори го зајакна доларот во однос на еврото