Најмалку десет лица се убиени. а четворица ранети во главната редакција на францускиот сатиричен магазин Charlie Hebdo во Париз, откако маскирани лица со автоматски пушки упаднале во седиштето на медиумот.
Нападот е извршен во просториите на публикацијата, која претходно предизвика контроверзи во 2011. година со објавување карикатури на пророкот Мухамед.
Сведоци на нападот велат дека голем број на маскирани вооружени лица упаднале во седиштето на магазинот. Амбулантните возила се на местото на настанот.
Беноа Брингер , новинар кој го видел нападот изјави за медиумите дека внатре упаднале десетина маскирани лица, вооружени со автоматски пушки, а потоа на брзина истрчале надвор од медиумот.
Тој кажа дека двајца полицајци веднаш пристигнале на велосипеди, но очигледно поради не биле вооружени, во нив е пукано а терористите избегале со автомобил. Во нападот успеале да се спасат околу 40 вработени во магазинот.