На стебло од цреша во јапонскиот град Хокуто е изградена преубава мала куќарка, окружени со голем број црешови дрва.
Куќата е дело на архитектот Теунобу Фуџимори и е изградена за потребите на музејот „Киохара Ширакаба“.
Објектот е наменет за чајџилница и со него авторот сакал да им одаде почит на величествените цветови на црешата.
Иако е сместена на стебо, куќата е неверојатно стабилна и може да оддолее на сите временски услови.