Италијанскиот автопат, кој свечено беше отворен на 23 декември, имаше дефект десетина дена по пуштањето во употреба, пишува весникот „Корере дела сера“, а инцидентот мошне го разлути италијанскиот премиер Матео Ренци.
Автопатот, кој ги поврзува Палермо и Агриџенто чини 13 милиони евра и беше отворен три месец пред истекувањето на крајниот рок во пресрет на божикните празници.
Меѓутоа автопатот кусо беше во употреба поради тоа што на вијадуктот Скорчаваке се појави голема пукнатина и дел од патот пропадна, а во моментот на него имало возила.
Агенцијата за патна инфрастуктура почна истрага за откривање на причините за уривањето на дел од патот.
Ренци на Твитер објави: „Побарав да ми го соопштат името на лицето одговорно за ова, и тој ќе плати за се“.