Жена почина од свински грип во Косово

Од:

Една жена почина од свински грип на Инфективната клиника во Приштина, соопшти денеска косовската Управа за инфективни болести.

Како што јави турската агенција Анадолија, 57-годишната жена пред четири дена била примена на Клиниката со симтоми на грип, по што починала вчера.

Во соопштението се посочува дека кај починатата е потврдено присуство на вирусот Х1Н1, познат како свински грип.

Со симптоми слични на свинскиот грип на Инфективната клиника во Приштина се хоспитализирани уште 20 лица и нивната состојба редовно се следи, наведува Анадолија.

Претходно денеска, директорот на приштинската Инфективната клиника, Хамди Рамадани соопшти дека во болницата на лекување биле задржани три лица за кои постои сомнеж дека се инфицирани со вирусот од типот А – Х1Н1.

Би можело да ве интересира

Кастрати: Целосен дебакл на Курти

Вучиќ: Во Брисел знаат која страна го кочи напредокот во дијалогот меѓу Белград и Приштина

(ВИДЕО) Шпанците уапсија нарко-бос од Косово, во рацијата уапсени се 10 лица

Горан Наумовски

Србија повторно ќе испрати барање за враќање на 1.000 српски војници и полицајци на Косово

Предраг Петровиќ

Вучиќ утре ќе се изјасни, на маса и опцијата за прогласување окупација на дел од територијата на Србија

Предраг Петровиќ

Четворица млади Срби на рочиште во северниот дел на Косовска Митровица