Косовската опозиција е против основање на судот за ОВК

Од:

Движењето „Самоопределување“, Алијансата за иднината на Косово и Иницијативата за Косово и соопштија на косовската Влада дека ќе гласаат против основањето на Специјалниот суд, кој би го истражувал дејствувањето на Ослободителната војска на Косово (ОВК).

Судот, од кој се очекува да се занимава исклучително со наводните воени злосторства на поранешната ОВК, нема да биде основан овој месец и покрај итното барање на меѓународните фактори тоа да се направи што е можно побрзо.

Владата во Косово е обврзна во рок од неколку дена да поднесе во Парламентот предлог-закон за Специјалниот суд. Новата Влада изрази уверување дека овој закон ќе биде усвоен со двотретинско мнозинство во Парламентот.

Премиерот Иса Мустафа не прецизираше кога неговиот кабинет ќе го поднесе овој предлог-закон, но нагласи дека е во тек подготовка на конкретната документација.

Би можело да ве интересира

Кастрати: Целосен дебакл на Курти

Вучиќ: Во Брисел знаат која страна го кочи напредокот во дијалогот меѓу Белград и Приштина

(ВИДЕО) Шпанците уапсија нарко-бос од Косово, во рацијата уапсени се 10 лица

Горан Наумовски

Србија повторно ќе испрати барање за враќање на 1.000 српски војници и полицајци на Косово

Предраг Петровиќ

Вучиќ утре ќе се изјасни, на маса и опцијата за прогласување окупација на дел од територијата на Србија

Предраг Петровиќ

Четворица млади Срби на рочиште во северниот дел на Косовска Митровица