Подвиг на планинарот Стојанче Костовски од Крива Паланка

Од:

Искусниот планинар Стојанче Костовски од Крива Паланка постигна своевиден рекорд со јубилејното 100-то искачување во зимски услови на вториот по височина врв на Осоговските Планини, Царев Врв, кој е висок 2085 метри.На почетокот на оваа година, тој го прослави и својот подвиг на освојување на врвот непосредно по Новогодишните празници, што го практикува цели 25 години.

– Годинава одбележувам два јубилеја на моето традиционално искачување на Царев Врв во зимски услови, но морам да кажам дека годинешново планинарско патешествие беше во најекстремни услови досега. Температурите беа повеќе од 20 степени под нулата, имаше силен ветер и се пропаѓаше во снегот, заради што движењето беше крајно отежнато, вели Костовски.

Овој долгогодишен планинар, кој од 1990 година не се откажува од својата планинарска маршута, што ја минува сам, кажува дека годинава таа траела најдолго.

– Патеката обично се минува за 12-16 часа во двата правци, но годинава пешачев цели 24 часа. Временските прилики беа навистина многу непогодни, можете да замислите дека не само водата, туку и виното во ранецот ми замрзна. Ме спаси само тоа што маглата се крена и имаше полна месечина, па можев да се ориентирам во ноќта, посочува 68-годишниот Костовски.

Тој поминал маршута од околу 40 километри од селото Конопница, каде што живее, преку Костадиница, Бела Вода, Бабина Чешма до Царев Врв и назад преку Алтан Чешма, Калин Камен, Љуљки и Крива Паланка до Конопница. Морал да пешачи по непробиените патеки од над еден метар снег и да ги одбегнува опасните навеви од по неколку метри снег и црните точки на Осоговието.

Иако, досега повеќепати животот му бил во опасност, Костовски не се откажува од оваа планинарска традиција, за која вели дека, покрај страста кон планинарењето, му прераснала во навика.

На Царев Врв досега се искачил вкупно 243 пати, а има освоено и многу други врвови во земјава и странство. Учествувал и во опасни планинарски трансферзали и подвизи, а пешки одел и од Крива Паланка до гробот на Јосип Броз Тито во Белград.

Би можело да ве интересира

Корчок: Се надевам дека преговарачката рамка ќе биде усвоена за време на португалското претседателство

Димитров и Османи во Брисел на средби со Борел и Лајчак

Португалското претседателство со ЕУ ќе настојува да почнат преговорите со Северна Македонија

Вицепремиерот Димитров ја потпиша Рамковната спогодба за превод на правото на ЕУ

СДСМ: Најавата на ВМРО-ДПМНЕ дека нема да го признае пописот е доказ за антидржавно и деструктивно однесување

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Пендаровски: Не смееме да ги заборавиме скапо платените лекции, мора да сме системски подготвени за следната криза