Вработен во делчевска гимназија осомничен за детска порнографија

Од:

Вработен во делчевска гимназија е осомничен дека вчера со мобилен телефон снимал тинејџерки како се пресоблекуваат во соблекувалната на спортската сала на гимназијата, информираат од МВР.

Според полицијата, вчера, околу 14 часот, во соблекувалната на спортската сала, три ученички на возраст од 16 и 17 години, додека се пресоблекувале, нашле мобилен телефон кој бил вклучен да снима.

Случајот бил пријавен во локалната полиција, чија екипа по извршениот увид утврдиле дека мобилниот телефон му припаѓа на Б.Ѓ. (47), вработен во гимназијата „Методија Митевски Брицо“.

Против него делчевската полиција до надлежното јавно обвинителство поднела кривична пријава за производство и за дистрибуција на детска порнографија.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Полицијата го казни возачот кој со автомобил возеше по велосипедска патека во Скопје

А1он

Тошковски од САД: Најсовремените светски технологии и искуства во функција на поголема безбедност на граѓаните во Македонија

А1он

Втор смртен случај со траги на насилство во Ѓорче Петров

Две кумановки и петмина банкари осомничени за измама со брзи кредити од над 12 милиони денари

Полицијата ловеше пијани возачи – одземени се 58 возачки дозволи

А1он

МВР: Уапсен е 73-годишен паланчанец кој силуваше 75-годишна познаничка