Нов хотел во центарот на Охрид

Од:

Македонскиот туристички центар Охрид, на почетокот на 2015 година доби нов сместувачки капацитет на атрактивна крајезерска локација во центарот на градот. Станува збор за хотелот „Сити палас“, кој располага со стотина легла и со прекрасен крајезерски ресторан.

Охрид деновиве се очекува да биде исполнет со гости од Грција и од Бугарија, кои традиционално доаѓаат за Божик, а се очекува и поголем број домашни туристи.

Најави за туристи има и за Стара нова година и тоа претежно од соседството. Туристичките работници најголема исполнетост очекуваат за празникот Богојавление – Водици, кој најмасовно се одбележува токму на брегот од Охридско Езеро.

Празничната програма ќе биде распоредена во четири дена, а хотелиерите ќе нудат аранжмани со попусти од 30 до 50 отсто.

Мета

Би можело да ве интересира

Уште се поплавени домови, дворови, имоти, евакуираните во Кичево и натаму се во спортската сала

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Излеани реки, поплавени населби, одрони – дождот направи проблеми

Катерина Ѓуровски

ЦУК: Од обилните врнежи има поплавени куќи во Охрид и Кичево, евакуирани се 100 лица

Земјотрес во Охрид и околината со интензитет од четири степени според Европската макросеизмичка скала

Земјотрес во Охрид

Нормализиран е сообраќајот на патот Охрид – Св. Наум