Една студентка од Бразил се одлучила на необичен чекор: да ја понуди на аукција својата невиност. Парите од продажбата ќе ги искористи за изградба на домови на сиромашните семејства.
Последната понуда за невиноста на Кетрин Мигљиорини е 155.000 долари, што дава надеж дека таа ќе успее во својата намера.
Иако многумина велат дека со оваа нејзина одлука, станува проститутка, сепак таа им се спротистави на ваквите тврдења и изјави дека сеуште верува во љубов.
„Продажбата на мојата невиност е само можност да направам позитивна промена во светот“, тврди Кетрин.
Таа предизвика и голем број на контраверзни мислења со фактот дека сака целиот процес на губење на девственоста да го следи филмска екипа од Австралија и да биде документиран во филм наречен „Virgins wanted“ ( Се бара девица).
Кетрин ќе добие 20.000 долари за филмот и 90 % од парите од аукцијата. Тој што ќе понуди најмногу пари за нејзината невиност ќе биде тестиран за сите сексуално преносливи болести, а целиот настан ќе се одвива во авион кој ќе патува од Австралија до Америка за да бидат избегнати сите закони поврзани со проституција.